Зеленски повторно извиси да биде гостин на Оскарите

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и оваа година е одбиен од страна на организаторите да биде гостин на церемонијата на доделувањето на наградата „Оскар“, пренесе „Варајети“.

Откако почна војната во Украина, посакува да биде виден како гостин на голем број фестивали познати низ светот, но организаторите веќе втора година по ред го одбија.

Зеленски неодамна беше дел од Берлинскиот филмски фестивал преку видео линк и сега повторно се надеваше дека на ист или сличен начин ќе се појави и на „Оскарите“.

„Варајети“ се повикува на неименуван извор кој рече дека агентот Мајкл Симпсон се заложил за Зеленски биде вклучен во програмата. Досега се појавуваше преку интернет на Канскиот, Венецијанскиот филмски фестивал, на доделувањето на „Греми“ наградата, а беше и специјален гостин на отворањето на берзата во Њујорк во септември минатата година.

За време на доделувањето на Златниот глобус во јануари 2023 година, го претстави познатиот американски глумец Шон Пен. Тогаш рече дека Украина ќе ја победи Русија во војната. Засега не е позната причината зошто Зеленски е одбиен од организаторите на Оскарите.

За потсетување, Зеленски го одбија да се појави на видео линк и во септември минатата година на филмскиот фестивал во Торино.

 

Scroll to Top