Журка со светскиот диџеј Соломун во Скопје

На 22 септември во Скопје настап ќе има светскиот диџеј и продуцент Соломун. Журката со Соломун почнува во 23 часот на Сајмиште. Освен него, настап ќе имаат и диџеите Јоханес Брехт и Леар. Влезниците се во продажба по цена од 700 денари, лимитирани билети, 800 денари во претпродажба и 900 на влез. Организатори на забавата се „Вин мјузик фридам“.

Scroll to Top