Зошто Хитлер имал „скратени“ мустаќи? Се споменуваат две причини, а во младоста изгледал сосема поинаку

Мустаќите на Хитлер… најзлобните мустаќи во историјата на човештвото.

Но, има ли приказна зад нивниот (необичен) облик? Зошто нацистичкиот водач реши да ги скрати и да го промени изгледот што го имаше во младоста?

Хитлер се самоубил на 30 април 1945 година во својот бункер, за време на опсадата на Берлин.

Во книгата која се занимава со последниот ден од неговиот живот, aвторите за неговите мустаќи тврдат дека служеле за „да ги сокријат неговите невообичаено големи ноздри“.

Сепак, ова не е крајот на приказната. Се споменува уште една причина, која не враќа во младоста на Хитлер.

Неговите фотографии од Првата светска војна се зачувани во историските архиви. Тогаш тој беше војник со бушави мустаќи.

Хитлер имал проблем да стави гас-маска на лицето, токму поради мустаќите, а во една прилика за малку не бил отруен на бојното поле, пишува Дејли Стар.

Во болница решил да ги скрати, што очигледно му се допаднало.

Ги чувал до крајот на својот живот, кој бил одбележан со терор и невидени злосторства против човештвото.

Scroll to Top