10 работи за животот во Велика Британија што не сте ги знаеле

Иако навидум не се разликува многу од другите европски држави, секојдневието на Британците сепак крие и забавни детали што многу се разликуваат од она на што сме навикнати ние.

Така, на пример, секој може да ѝ напише писмо на кралицата Елизабета и голема е веројатноста таа да го прочита и испраќачот да добие и одговор од неа.

Земјата е позната по многу нешта, како што се кралското семејство, нивните традиции, облачното време, многуте музеи, универзитети. Ова се неколку забавни факти за Англија и за животот во неа.

Секој можеше да ѝ напише писмо на кралицата Елизабета, а адресата е споделена и на официјалната веб-страница на кралското семејство. Писмото не морало да биде формално и секој можеше да си напише што сака. Многу е веројатно дека ќе добие и одговор.

Кралицата секој ден добиваше повеќето лични писма, а голема беше и веројатност да одговори на писмото преку некој од своите секретари.

Уште еден интересен факт за оваа земја е тоа што студентите може да бидат избркани од факултет доколку препишуваат на испити.

Додека кај нас обично ќе ви забранат да полагате неколку сесии, ако на некој британски универзитет ве фатат како препишувате, многу е веројатно дека ќе ве избркаат. Секое препишување на испит се смета за академска измама и ретко се толерира.

Британците може да преминат улица каде било. Во Англија е дозволено да ја поминете улицата ако сметате дека е безбедно. Овде речиси и да нема пешачки премини, само точки што одбележуваат каде би можеле да ја поминете улицата.

Единствено, пешаците не смеат да поминуваат автопатишта.

Друга интересна работа е тревата во дворовите. Многу е важно колку е висока. На некои места жителите се опседнати со изгледот на целото соседство, па сите мораат да имаат совршено средени тревници. Ако тревата порасне 1-2 сантиметра, веднаш ја косат.

Студената вода не ги спречува Британците да пливаат. Во Англија можете да најдете многу плажи, но поради, генерално, студеното време, веројатно не би се осмелиле да пливате. Сепак, ова не важи за Британците, кои без проблем влегуваат во водата, дури и кога е студена.

Никој не останува дома кога времето е сончево. Во Англија времето е претежно облачно и врнежливо. Па, кога има сонце, сите излегуваат и го поминуваат денот на отворено.

На улиците и во трговските центри има голем број талентирани улични музичари. Во поголемите англиски градови, како Лондон, можете да налетате на безброј талентирани улични музичари.

Додека ние сме навикнати да гледаме најчесто гитаристи, овде ќе наидете на луѓе што свират на виолина, виолончело, саксофон, па дури и на харфа, и тоа како вистински професионалци.

Во лондонското метро има посебен вид комарци познати како комарци од лондонското метро. Овие комарци се забележани и на други места, како Египет, на пример, долго пред Лондон да добие метро. Но, со текот на времето станале препознатливи за таа локација.

Таму добро се адаптираат на условите. Овие комарци предизвикувале сериозен проблем за локалците што се криеле во метрото за време на бомбардирањето од страна на Германија во 1940 и 1941 година.

Во Англија постои необичен закон за градење. Постои таканареченото право на светлина, според кое сопствениците на одредени домови може да ја забранат изградбата на објекти околу нивните куќи. Доколку сопственикот на градбата добивал природна дневна светлина од прозорците на домот над 20 години, може да го искористи ова право. Истовремено, сопственикот може да направи нови прозорци на својот дом, но потоа не смее да ги зголемува барем 20 години.

Обично овие домови се одбележани со натписот Ancient Lights, односно древни светла, а законот важи од 1832 година.

Мештаните носат лесна облека и на студено време. Затоа што времето често знае да биде облачно и студено, Британците се навикнати на пониски температури. Па не е за изненадување ако среде зима видите некој во тенка јакна и несоодветна облека за сезоната. Ако има сонце, ништо чудно да видите и многу Британци на куси ракави, дури и во зимските месеци.

Scroll to Top