Танчерки од Битола освоија бронзен медал на прв соло латино натпревар за девојки во Сараево

Антонија Гајтановска, Катја Козарова и Зорица Симјановска од танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола се вратија со награди од првиот WDSF Соло латино натпревар за девојки кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Со две бронзи се вратија Катја Козарова и Зорица Симјановска, додека Антонија Гајтановска освои 8 место.

Антонија Гајтановска, Катја Козарова настапија во јуниори 1 и јуниори 2, а Зорица Симјановска во возрасните категории постари младинци и возрасни. Во многу силна конкуренција, обезбедија место и во финалните рунди. На победничкиот пиедистал се најдоа Катја Козарова во категорија  јуниори со освоено трето место и Зорица Симјановска во категорија возрасни која исто го освои третото место. Антонија Гајтановска во категорија јуниори 1 го освои 8 место, а Зорица Симјановска која настапи и во категорија постари младинци го освои четвртото 4 место.

Танцовиот клуб Степ Ап од Битола беше единствениот клуб кој ја претставуваше Македонија. Инаку натпреварот беше во организација на танцовиот спортски клуб Асторија, а натпреварот за прв пат беше во рамките на WDSF, а тоа значи на највисоко светско ниво.

Трите битолчанки веќе следниот викенд ќе имаат свој настап на меѓународниот голем натпревар „Македонија Опен“ кој следниот викенд ќе се одржи во Скопје.

Scroll to Top