16 одбојкарки од репрезентацијата на Северен Кипар ги најдоа загинати под урнат хотел во Турција

Под урнатините на хотел во градот Адијаман во Турција се пронајдени телата на 16 млади одбојкарки од Северен Кипар и нивните тренери. Тие биле дел од училишната одбојкарска репрезентација од земмаја, а престојувале во хотелот „Исијас“ кој целосно се урна во земјотресот.

„Ги пронајдовме телата на нашите деца за време на операциите за пребарување и спасување што беа спроведени во урнатините на хотелот“, рекол премиерот на Северен Кипар.

Имињата на жртвите не се објавени, а спасувачките екипи и понатаму се обидуваат да ги пронајдат лицата кои се водат за исчезнати. Меѓу нив има и бројни спортисти од неколку земји кои беа на натпревари и подготовки во Турција.

Scroll to Top