(Фото) Марија Шарапова го чека првото бебе

Поранешната тенисерка Марија Шарапова го чека првото дете со свршеникот Александер Гилкс. Таа откри дека чека бебе на својот 35. роденден, а сликата ја објави на Инстаграм.

„Скапоцени почетоци. Јадењето роденденска торта за двајца отсекогаш било моја специјалност“, напиша Шарапова.

Руската тенисерка британскиот бизнисмен се свршија во декември 2020 година, две години откако јавно ја потврдија својата врска.

Шарапова се повлече од тенисот пред две години со освоени пет Гренд слем титули.

Scroll to Top