(Галерија) Скопје е остварување на мојот сон: Петар Грашо со дедо му Тончи Хулиќ имаа концерт за паметење

Хрватската поп- ѕвезда Петар Грашо синоќа имаше концерт во преполната арена „Борис Трајковски“. Публиката во која доминираа жените во еден глас ги пееја хитовите на најпопуларниот музичар во регионот, кој со првото појавување на сцената доби огромен аплауз.

Тој од сцената рече дека вчерашниот концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје е остварување на неговиот сон, бидејќи тоа е сцената каде неговиот колега, хрватската музичка легенда Оливер Драгојевиќ одржуваше концерти.

Во музичкиот репертоар на Грашо не изостанаа големите хитови на Драгојевиќ како „Недостајеш ми ти“, „Два пута сан умра“ и еврегринот „Цесарица“. Публиката во преполната арена дополнително се расположи и носталгично се потсети на големиот Драгојевиќ.

 

На големо изненадување на публиката, на средина од концертот Грашо на сцената го повика неговиот колега и долгодишен соработник, а од неодамна и негов дедо  Тончи Хулиќ, еден од најплодните композитори во регионот, творецот на групата „Магазин“.

Тука е човекот кој е еден од најдобрите композитори, со кого долги години работам, автор на многу од моите песни, мој голем пријател. Тој ме направи подобра личност, а од неодамна е и мој дедо“, рече Грашо кога го најави Тончи Хуљиќ, таткото на неговата сопруга Хана Хуљиќ. Тончи ги испеа најголемите хитови на групата „Магазин“ кои  пееше првата пејачка на групата со македонско потекло, Љиљана Николовска.

 

Носталгија ја преплави салата, а публиката пееше во еден глас со Хуљиќ. Потоа, со Грашо доловија дел однеговиот материјал со бендот „Мадре бадеса“, чиј вокал е токму Петар. Петар Грашо два часа ја забавуваше публиката со неговите најголемите хитови, повеќето од нив балади.

Стигна и да смени два костума.На крајот од концертот кој заврши после полноќ, Грашо ја поздрави публиката со зборовите „Господ да ја благослови Македонија“ побара да ги уклучат своите мобилни телефони и заедно да ја отпеат „Ко нам брани“.

Организатори на концертот во Скопје на Петар Грашо беше „Прагма продукција“.

Редакција Репортер

 



 

Scroll to Top