Хороскоп за 13 октомври: Рибите да избегнуваат пороци, стрелецот да внимава на здравјето

Овен
Ќе се појават сомневања во искреноста на партнерот. Исто така и партнерот се сомнева во вас. Ќе изнесете ставови за една личност, која по разговорот со вас ќе остане збунета. Чувајте се од болки во грбот и проблеми со гласните жици. Немојте да бидете лекомислени. Завршете ги навреме работните обврски ако сакате да постигнете успех.

Бик
Еден детаљ ќе ви се провлече, а една личност ќе ја наведете на „тенок мраз“. Вашите планови засега ќе останат само на хартија. Почекајте ги подобрите времиња што наскоро доаѓаат. Измерете го притисокот и пијте повеќе течности. Не правете драми околу некои дреболии. Чувствителни сте и мало недоразбирање со партнерот ве повредува, бидете похрабри.

Близнаци
Подобро ќе се чувствувате сами и слободни. Партнерот е зафатен со работа. Разговорот на тема пари ќе биде гласен, на граница на добриот вкус, но ќе даде плод. Спречете ја можноста од засилено опаѓање на косата. Не претерувајте со храната бидејќи тоа може катастрофално да влијае на вашето здравје. Работите на професионален план ќе се сменат, бидете подготвени на тоа.

Рак
Насобраните проблеми почнуваат да ве мачат и време е да тргнете во нивно разрешување. Не одете во крајност и од напред планирајте ги своите финансиски потфати. Можни се мали незгоди во сообраќајот. Внимавајте на пријателствата. Исто така и на партнерот кој е избезумен од вашето однесување.

Лав
Обидете се малку повеќе да мислите на себе, а помалку да се заморувате со ставовите на другите луѓе. Можно е минливо незадоволство со моменталниот работен статус. Ослободете се од негативните мисли и бидете поопуштени. Внимавајте на заштедата. Во целост го реализиравте летниот одмор што ве прави посебно среќни.

Девица
Контролирајте го својот однос и однесување кон партнерот, зашто ќе ве мачи љубомора. Ќе ви се разнишаат некои деловни поставки. Проверете ја способноста на соработниците. Кажете им не на пороците и лошите навики. Свртете се кон себе. На работното место понатаму сè ви цвета, очекувајте напредок.

Вага
Се чувствувате феноменално благодарение на успешно завршениот проект, поради кој стрепевте. Ве очекува напредок во работата со која се занимавате, но успех врзан за склопување договори. Не  откажувајте се од нив, па макар и да се брачни. Во овој период, би требало да ја доживеете љубовта на својот живот, ако веќе не сте ја доживеале.

Скорпија
Пред вас е пријатна недела. Не мора многу да работите, а време за муабет ќе имате на претек. Никој, како припадниците на овој комуникативен знак не умее така слатко да пренесува озборувања, па само ним тоа не им се зема за зло. Партнерот, по којзнае кој пат ја докажува љубовта, затоа и сте среќни и задоволни, полни со позитивна енергија.

Стрелец
Ништо не му оставајте на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите вие. Ќе напредуваат оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки и од инфекции на очите. Наметнете се со своите идеи, но немојте да бидете нападни, само така ќе успеете.

Јарец
Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето  заклучоци држете се до фактите. Партнерот сака малку слобода, овозможете му ја.

Водолија
Воздржете се од љубовната акција. Би можеле погрешно да ги процените околностите. Работата ќе ве ослободи од напнатоста и негативната енергија. Не влегувајте во илегални активности. Ослободете се од напнатоста и нервозата, тоа може сериозно да влијае на вашето здравје. Вложете во образованието.

Риби
Ситуацијата ќе се менува од ден на ден. Вашиот партнер ќе наидува на проблеми во желбата да ве усреќи. Една работа ќе се искомплицира. Некој нема да забележи каде грешите , затоа потрудете се да останете смирени , но и трпеливи. Крајно време е да почнете да ги избегнувате пороците, можи со проблеми со белите дробови.

Scroll to Top