Констракта викендов во Дојран ќе пее на „Д фестивал“

Викендов  Дојран ќе биде домаќин на најголемиот музички фестивал под отворено небо во земјава – Д Фестивал.

На 3. јули во недела на главната сцена настапува Ана Ѓуриќ – Констракта, која годинава беше фаворит за евровизиска победничка.

Натсапуваат „Kosheen“, еден од најпросперитетните бендови на електронска музика во Обединетото Кралство, потоа австриското дуо Крудер и Дорфмајстер, Марки Рамоун од легендарниот состав „Ramones“, синот на реге иконата Боб Марли – Џулијан Марли, секогаш енергичните „Kultur Shock“, американскиот електронски продуцент ZHU, пустинските воини „Tamikrest“, украинските пост-рокери „Törzs.  Има и доста македонски бендови и артисти. Ќе настапат „Чиста околина“, „Зад аголот“, „Луфтанза“, „Перија“, проектот „Пијан Славеј“ на Бранислав Николов, „Хајка“, „Короужн“, „Преку ред“, Дина Јашари, Флудер, Џантрикс

 

Scroll to Top