„Старбакс“ стана „Старс кафе“ во Русија

Рускиот рапер Тимати и сопственикот на ресторани Антон Пински го претставија „Старс кафе“ и повторно го отворија синџирот кафулиња што претходно беше во сопственост на „Старбакс“. Новото лого многу потсетува на она на „Старбакс“, но американската компанија не ги коментираше сличностите со логото и името, туку само потсети дека целосно се повлекла од рускиот пазар.

Тимати, кој е еден од косопствениците на кафулето, кажа дека морале да пронајдат нови добавувачи, но не се соочиле со проблеми.

„Најдовме нови добавувачи и вистинска апаратура и бидејќи баристите сето тоа правилно го измешаа, мислам дека добивме производ кој може да биде конкурентен“, рекол раперот кој важи за голем поддржувач на Кремљ.

„Старбакс“ во Русија имаше 130 кафулиња и вработуваше околу 2.000 луѓе во Русија. Пински кажа дека кафулињата постепено ќе се отвораат овој и следниот месец.

Scroll to Top