(Видео) Маж се обиде да киднапира келнерка

Полицијата во Вашингтон уапси маж кој е снимен како се обиде да киднапира една од вработените во кафуле, додека излегувал низ драјв тру патеката. Неуспешниот обид се случил , околу пет часот утрото, а неодамна е објавен на „Твитер“.

Осомничениот чие име не е објавено, се доближил до прозорот за нарачување и додека жената му го дава кусурот, тој ја фати за рака и се обиде да ја извлече надвор. Брзо потоа бега од местото.

Scroll to Top