„7 години опуштени“ со автомобилите на MG Motor

Автомобилскиот бренд „МG Motor” започна со официјална продажба на своите автомобили оваа година во Македонија. Во склоп на автомобилскиот центар на Ми-Да Гранд Моторс веќе функционира новиот продажно-сервисен центар за граѓаните на Македонија.

Новата продажна кампања со која официјално започнува продажбата на „MG“ во Македонија носи наслов „7 години опуштени“ при што сите елементи се во бројот „7“. Како носечки модел на кампањата е најпродаваниот SUV на MG Motor во Европа моделот ZS, кој како и моделот EHS е достапен веднаш со 7 годишна гаранција. Кампањата вклучува атрактивна рата за 7 годишна исплата на возилото од 189 евра, 7 години помош на пат како и гарантиран откуп на возилото од страна на Ми-Да Гранд Моторс по 7 години. Акциската цена на моделот MG ZS е 18.900 €.

„Задоволни сме од резултатите на продажбата со оглед на тоа што речиси сега започнавме со работа. Иако бевме уверени дека овој легендарен бренд кој сега нуди нови и современи автомобили по атрактивни цени ќе биде посакуван на нашиот пазар, мора да признаам дека очекувањата ни се веќе надминати” – истакнува генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс г-дин Дритон Заири.

Автомобилскиот бренд MG Motor потекнува од Англија од далечната 1924 година, познат е по спортските „купе“ автомобили. Новата преродба на брендот носи врвни автомобили кои се направени со современи технологии, квалитетни материјали со електричен, хибриден и бензински мотор. Автомобилите се произведуваат во модерната фабрика на SAIG (Shanghai Automotive Industry Corporation), кој е главниот „виновник“ за преродбата на брендот откако стана негов сопственик.

Автомобилите може да се погледнат во автомобилскиот центар Ми-Да Гранд Моторс на бул. Босна и Херцеговина бр. 1 или на веб-страната mgmotor.mk

Scroll to Top