Адел и Ед Ширан го одбија кралот Чарлс да пејат на церемонијата за негово крунисување

Адел и Ед Ширан го одбија кралот Чарлс III да бидат дел од музичкиот концерт во негова чест кој треба да се одржи на 7-ми мај во закомот Виндзор. Како што пишува Дејли мејл, Адел и Ед Ширан наводно одбиле бидејќи биле зафатени.

„Кралот предложи кој би сакал да пее, а Адел и Ед се на таа листа. Тој многу сакаше да бидат на концертот. Во организацијата има тим кој е задолжен да контактира со ѕвездите, па испратија покана и до нив, но одговорот беше дека се зафатени, што е големо разочарување. Срамота е“, тврди изворот на таблоидот.

Познато е дека Ед Ширан има концерт на 6-ти мај во Тексас, поради што бил спречен да дојде, иако постои можност сепак за девет часа да пристигне во Лондон со приватен лет. Ова не му е непознато, а веќе беше дел од јубилејот на кралицата, кога во чест на кралицата го испеа својот хит „Перфект“.

Адел нема ништо закажано за тие денови, со оглед на тоа што нејзините концерти во Лас Вегас завршуваат на 25 март. Со сето тоа, не се знае дали во Лондон ќе дојде Хари Стајлс, за кого исто така се шпекулира дека кралот Чарлс го посакува на концертот.

Меѓу оние кои се согласиле да настапат е и Лајонел Ричи, како и Спајс Грлс, но не се знае дали со нив ќе настапи и Викторија Бекам.

Scroll to Top