Адвокатот кој го бранеше Ѓоковиќ во Австралија, влезе во финалето на Евровизија

Даниел Естрин се пласираше во финалето на Евровизија, а заедно со групата „Војаџер“ и ќе ги брани боите на Австралија на 13 мај во Ливерпул. Естрин, јавноста го запозна по неговата професија како правник, во моментите кога српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше затворен во имигрантски камп во Австралија.

Даниел зборуваше за позицијата на Ѓоковиќ како гостин во Би-Би-Си и нагласи дека Новак го има случајот во свои раце.

„Тврдењето на адвокатите на Ѓоковиќ е поддржано и тие имаат добри изгледи во судот, односно дека судот ќе утврди грешка во надлежноста. Тоа значи дека е направена правна грешка, дека одлуката за одземање на визата е ништовна, и дека на Ѓоковиќ ќе му биде вратена првобитната виза“, рече тој.

Земјите кои ќе настапат во финалето на Евровизија на 13 мај се: Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Останува да видиме кој ќе триумфира во престижното европско натпреварување.

Scroll to Top