Актерка наплаќа по 50.000 долари за јајце клетка, оти мажи сакале децата да им личат на неа

Марсела Иглесијас, актерка од Лос Анџелес, вели дека многу мажи ѝ пишале да понудат пари за нејзините јајце клетки бидејќи сакаат нивните деца да изгледаат исто како неа.

Марсела им ги исполнува желбите – за 50.000 долари по јајце клетка.

Инаку, оваа актерка е честа тема на таблоидите. Иако за себе тврди дека е сосема природна, медиумите пишуваат дека потрошила околу 81.000 долари на  козметички процедури како ботокс и филери, а дека планира и да го однесе нејзиниот син тинејџер да го оперира носот. Таа веќе се обидела да го направи тоа, но од клиниката ја одбиле бидејќи момчето е малолетно.

Покрај тоа, Марсела имала и процедура за подигнување на задникот, но сепак тврди дека никогаш не била на операција. Марсела вели дека е многу ѝ ласкаат машките понуди.

„Разбирам зошто тие го сакаат тоа, јас сум природна убавица, така што нема никакви измами. Тие веројатно сакаат нивното дете да изгледа особено убаво. Се разбира, поласкана сум што ме избираат мене. На крајот на краиштата, неколку пријатели ме замолија да им донирам јајца пред неколку години. Бесплатно им правев, но сега сакам да го наплатам“, рече таа.

Scroll to Top