Активисти мора да платат отштета за уништување слика во галерија во Лондон

Националната галерија во Лондон им наложи на климатските активисти од движењето Just Stop Oil да платат 1.000 фунти за штетата што ја нанеле на сликата „Еј Вејн“ на Џон Констабл.

Во јули оваа година активистките на Just Stop Oil Хана Хант (23) и Ибен Лазарус (22) залепија печатени постери од пејзаж над платното на уметничкото дело, по што ги залепија рацете на рамката за слика.

Двајцата добија условна казна од 18 месеци и им беше наложено да ѝ платат на Националната галерија 540,74 фунти како компензација, од вкупната цена на штетата.

 

Scroll to Top