Акција за донирање на училиштен прибор за деца од социјално загрозени семејства, организира платформата „Ways2Help“

Платформата „Ways2Help“ организира акција за донирање на училиштен прибор за деца од социјално загрозени семејства. Донациите ќе може да се остварат од 18 до 26 август во кафулето „Среќа“.

„Ајде повторно да придонесеме заедно. За 100-на прекрасни дечиња од 41 семејство кои имаат потреба од основни услови за учење и школски прибор. 53 од нив се на возраст од 6 до 11 години, 6 од нив се првачиња, а останатите почнуваат второ, трето, четврто и петто одделение за нив ни е потребно да обезбедиме ранче, дрвени боички, фломастери 12 бои, темперни, водени боички, гума, молив, линијар со шаблони, острилка, пластелин, табела од 100 броја по математика на картон, тетратка без линии А5 формат, блок бр. 2 за прво и второ одделение, блок бр. 3 за трето, блок бр. 4 за четврто и блок бр. 5 за петто, тетратка А5 формат 2-5 одделение по линии и квадратчиња“, се посочува во најавата за акцијата.

Од платформата истакнаа дека листата на децата за кои се потребни донации е добиена од организацијата соработник „Вистински дела на љубезност“ која потврдува за социјалната загрозеност за секое од овие семејства.

Александра и  Марта од платформата за Репортер зборуваа и за поддршката за социјално загрозените семејства кои преку оваа платформа заедно со хуманите граѓани и компании им ги плаќаат сметките за струја и вода на оние кои не можат да си го дозволат тоа. Досега помогнале на двесте семејства, со плаќање на над две илјади сметки.

Scroll to Top