Алејна Олмез беше 248 часа под урнатините: Се плашев да ги затворам очите, мислев ако заспијам нема да ме спасат

Алејна Олмез (17) откако беше спасена од под урнатите од зграда по поминати 248 часа во населбата Кајабаси во Кахраманмарас, зборува за траумата која ја поминала додека чекала некој да ја извади.

Таа моментално се наоѓа на лекување во болница во Анкара, каде ја посети и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со неговата сопруга Емине.

Алејна вели сека поминала низ тежок период.

„Се борев, не сакав да се откажам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помагаа. Ви благодарам многу за се”, изјавила Алејна.

Нејзината тетка Ѓулер Думан рекла дека е среќна што Алејна била спасена од под урнатините.

„Не очекувавме дека тоа ќе се случи, но кога излезе Алејна, за нас беше чудо. Во исто време доживеавме и радост и тага“, рекла Думан.

Доктор Џенгиз Дилбер рекол дека е неверојатно што таа е во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

„Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не и се влоши. Тоа е неверојатна работа. Нејзиното здравје е многу добро. Се разбира, има и трауми”, изјавил Дилбер.

Scroll to Top