Американец го посетил Дизниленд  2995 пати и влезе во Гинисовата книга на рекорди

Вечното дете, Американецот Џеф Рајц, го посетил Дизниленд  дури 2995 пати,со што влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Вљубеникот во забавни паркови кој е прогласен за Гинисов рекордер, го посетувал Дизниленд во Анахајм, Калифорнија, од 1 јануари 2012 година до 13 март 2020 година, кога паркот беше затворен поради коронавирусот.

Откако достигнал 2000 последователни посети, овој 50-годишник од Хантингтон Бич се нашол на насловните страници на весниците. Тој раскажал дека за првпат го посетил Дизниленд со поранешната девојка на Нова година во 2012. И двајцата биле невработени и ги исполнувале деновите со секојдневни посети на забавниот парк.

„Започна како шега помеѓу пријателите, а како моите посети добиваа медиумско внимание, така им станав ривал на Мики Маус и Пајо Паторот. Луѓето сакаа да се фотографираат со мене и ми бараа автограми“, изјавил Рајц за Гинисовата книга на рекорди.

Дизни го наградил Рајц со подарок корпа и сертификат за почесно државјанство по неговата 366-та посета. За заокружување на втората година му понудиле вечера, а за 2000-та посета добил подарок ранец.

Scroll to Top