Американец стана светски шампион откако за 10 минути изеде 62 хот дога

Џои Честнат од Калифорнија стана светски шампион откако изел 62 хот дога за 10 минути. Натпреварувањето во јадење хот дог традиционално се одржува секој 4 јули, на Денот на американскиот национален празник на Кони Ајланд во Њујорк.

Ова е 16-та победа за 39-годишниот Џои кој не успеа да го собори својот рекорд од 2021 година кога за 10 минути изеде 76 хот-дога. За „Мирор“ рече дека се чувствува изморен откако изеде толку многу виршли.

„Тоа е слично на чувството на надуеност и замор што луѓето го доживуваат по Денот на благодарноста. Слично е на тоа, освен што се чувствувате навистина лошо“, рече Џои и додаде дека поради него и луѓето околу него мирисале на виршли.

„Многу се поттев, а девојка ми ми рече дека сум мирисал поинаку. Ако јадете многу храна, ќе мора да одите во тоалет. Моето тело знае дека ќе свари огромна количина храна”, рече тој.

И покрај сите непријатности, нема намера да застане и тврди дека ќе продолжи да се натпреварува и во наредните години, доколку телото му дозволи.

„Го сакам натпреварувањето и сè уште е возбудливо. Дури и да загубам, ќе биде тешко целосно да ја напуштам конкуренцијата“, изјави тој.

Во женската категорија победи Мики Судо, која за 10 минути изеде 39,5 виршли и го освои тронот по деветти пат. Инаку, првиот натпревар во јадење хот-дог бил одржан во 1916 година, кога победникот изел 13 парчиња за 10 минути.

Scroll to Top