Американец кој загалвил во снег во шума во Орегон, смислил генјален начин како да побара помош. Тој заглавил кај шумата Вилмет, а не можел да се јави на полиција затоа што во тој предел немало сигнал.
Неговото семејство било надвор од земјата и никој не знаел каде се наоѓа. Ако не се врател дома немало кој да пријави дека е исчезнат. Тогаш мобилниот телефон го закачил за дрон. Напишал порака на еден пријател во која детално објаснил што го снашло и ја означил локацијата на која се наоѓа.
„Го притиснал копчето за испрати и го пуштил дронот неколку десетина метри во воздух. Телефонот се поврзал со предавателот и пораката успешно била испратена“, рекле од полицијата.
Брзо потоа на местото биле испратени спасувачи кои го однеле на безбедно. Спасувачите попат спасиле уште една личност која останала заробена во снегот неколку дена.
Властите во овој дел ги советуваат жителите да внимаваат кога ќе тргнат на пат во зимски услови и дека секогаш треба да им кажуваат на блиските каде ќе заминат.