Американец заработил милиони откако шверцувал играчки пез

Стив Глув од Мичиген е човек кој заработил милион долари од шверцување на ретките играчки пез од Источна Европа во САД.

„За 11 години заработив 4,5 милиони долари“, изјавил Глув за АБЦ Њуз Прајм.

Во интервју тој се потсетил на пратка играчки пез во вредност од 500.000 долари. Ги набавувал играчките директно од европската фабрика каде што се направени и потоа ги продавал на колекционери во САД, за илјадници долари.

Неколку децении подоцна овие играчки имаат голема колекционерска вредност, и многумина би платиле висока сума пари за овие ретки парчиња.

Заработката на Стив Глув не можела да помине незабележана, не само од полицијата, туку и од компанијата што се занимавала со легална продажба. Како што рекол Стив, тој никогаш не размислувал за можните последици и се водел само од потенцијалот за заработка.

Овој човек повторно е во центарот на вниманието поради документарниот филм кој е снимен за него The Pez Outlaw. Ејми Бендлин Сторкел, една од режисерките на филмот, изјавила за ABC News дека нејзиниот тим првпат слушнал за „Пез одметникот“ од написите во весниците и на крајот го пронашла блогот на Глу, кој го одржувал во последните 20 години.

Решиле да се качат во авион и да одлетаат за Мичиген за да се сретнат со Глув и неговата сопруга. Филмот опфаќа и повеќе лични аспекти од животот на Глув, вклучувајќи ги неговите финансиски борби и менталното здравје. Глув кој беше копродуцент на филмот и се игра себеси рекол дека е среќен што прашањето за менталното здравје влегло во финалната верзија на филмот.

 

Scroll to Top