Американската НФЛ ѕвезда Алекс Колинс загина во сообраќајка

Американската НФЛ ѕвезда Алекс Колинс загина во сообраќајка. Поранешниот играч на Сиетл и Балтимор го загубил животот, возејќи мотор. Колинс за момент изгубил контрола и удрил во џип во округот Бровард во Флорида. Несреќата се случила во неделата на 13 август, а Колинс заинал на лице место.

За време на неговата кариера играше за Сиетл Сихокс и Балтимор Равенс, а се натпреваруваше меѓу најдобрите во светот во периодот од 2016 до 2021 година.

По завршувањето на колеџот, „Арканзас“, беше избран во петтата рунда на драфтот и како 171. пик на Сиетл, тимот со кој ја освои шампионската титула во 2013 година.

И покрај огромниот број навивачи, Алекс не остана предолго во лигата. Играше неколку сезони и остави солиден впечаток, а потоа исчезна на две години. Се обиде да се врати во спортот со не-НФЛ Мемфис шоубоатс, но тој мандат беше многу краток.

Се повреди неполни четири месеци по доаѓањето во тимот и тоа значеше крај за неговата кариера.

Scroll to Top