Андре Риу, холандскиот крал на валцерот, ќе има концерт во Скопје

Андре Риу (72), или како што го нарекуваат холандскиот крал на валцерот, на 23 ноември ќе  одржи концерт во Скопје.Тој и неговиот оркестар „Јохан Штраус“ повторно доаѓаат  во Македонија, но со сосема ново шоу, во арената „Борис Трајковски“.

Во 1987 година Риу го создаде оркестарот „Јохан Штраус“ и тој сега има околу  60  музичари. Пред пандемијата тие одржуваа по стотина концерти годишно, низ целиот свет.

Риу првпат настапи во Македонија во јуни 2019, и тогаш во организација на „Пасворд продукција“.

Scroll to Top