Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканијада во Краљево, Србија.
За Трајковски ова е негов втор бронзен медал од Балканијадите, првиот го освои на Балканското првенство во сала во 2022 година.
Скокот на Трајковски бил со далечина од 7,75 метри. Првото освои српскиот атлетичар Страхиња Јованчевиќ (7,89 метри), додека второ место освои Лазар Аниќ (7,78 метри).
Трајковски одлично го започна натпреарувањето кога ја отвори првата серија со скок од 7,67 метри, во втората серија прескокна 7,62, во третата 7,72 до кога беше и на водечката позиција, но потоа натпреварувањето беше прекинато еден час заради невреме кое го зафати небото над Краљево.