Англичанец гледал над 1.000 филма додека бил во карантин поради Ковид-19

Англичанецот Фил Ватс од градот Сомерсет гледал 1.028 филмови во период од една година додка на сила беа карантините во Велика Британија. Тој рече дека откако останал без работа  понекогаш гледал и по седум филмови во еден ден.

Во неговата маратонска филмска година ги гледал сите филмови од серијалот „Џејмс Бонд“, „Стар Трек“ и „Брзи и бесни“. Ватс работел во фирма за преработка на дрво „Јандлс“, а во 2021 година бил прогласен за технолошки вишок.

Пролетта 2021 година почнал да работи од дома на други проекти и пуштал филмови во позадина.

„Морав да забележувам затоа што заборавав што сум гледал.„Во март изгледав меѓу 300 и 400 филмови, па помислив дека можеби ќе можам да изгледам 1.000 во една година. Илјадитиот филм го гледав на 28 декември минатата година, „Однесено со виорот“, кој го немав гледано“, рече Ватс за Би-Би-Си..

„Имаше денови кога поради работа, или други причини не можев да гледам ниту еден, но во другите денови можев да изгледам неколку од филмовите кои се долги околу 70 минути. Па, така, некои денови гледав и по седум филмови. Не би кажал дека сум филмски фанатик, туку повеќе сум еден од оние луѓе, кои обично ги нарекувам супер-гик“, рече Ватс.

Тоа што гледал многу филмови му претставило проблем за неговите навики за спиење, но сепак тоа немало влијание врз неговиот начин на живот.

„Некои луѓе џогираат или читаат книга. Јас гледам филмови. Бидејќи бевме во карантин, тоа немаше големо влијание врз мојот социјален живот. Правев пријателства на социјалните мрежи со луѓе со сличен вкус“, рече Ватс, кој додаде дека потекнувал од филмофилско семејство.

Неговиот татко работел на кино-проекции, а а тој сега работи за вебсајтот „The Last Movie Outpost“ каде можат да се најдат филмски вести, рецензии и дискусии.

Scroll to Top