Англичанец испратил извршители во „Визер“ оти компанијата не му вратила пари за откажан лет

Англичанец испратил извршители да се соочат со авио компанијата „Визер“ затоа што оваа компанија му должела пари откако во последен момент биле откажани летовите.

Расел Квирк во јануари требало да патува од Лутон во Лондон до Фаро, Португалија со неговото семејствона семеен одмор. На дента на полетувањето добил порака од „Визер“ дека летот е откажан.

„Немаше никакво објаснување, немаше извинување, не понудија никаква друга опција. Морав да ги разбудам ќерките и да им кажам дека нема да одиме на одмор. Многу беа вознемирени“, раскажал Квирк.

Тој пронашол друга конекција со Португалија,која чинела 4.500 фунти.

По враќањето од Португалија, се обидел да добие надомест од „Визер“, но вели дека му биле потребни речиси два месеца за да се вратат трошоците за неговите првични летови заедно со други законски надоместоци. Но, вели дека „Визер“ постојано го игнорирала неговото тврдење за последични загуби, дополнителните 4.500 фунти што ги потрошил.

Тој се обратил до Окружниот суд, но како што вели Квирк „Визер“ ја игнорирале донесената пресуда, па судските извршители биле испратени во канцеларијата на „Визер“ на аеродромот Лутон.

„Нивната опција беше да ги предадат парите или судските извршители ќе ги земат во стока – тоа можеби беа столици, маси, компјутери или авион“, рекол Квирк.

На крајот од судската голгота, од „Визер“ му ги вратиле парите и се извиниле.

„Сè повеќе бизниси мислат дека можат да ги третираат клиентите како ѓубре и јас сум решен да го искоренам тоа. Мојата порака е, ако големите компании ве оштетат, ако истраете, можете да го добиете она што ви го должат“, вели тој.

Scroll to Top