Англичаните поради 20 милиони фунти му го загорчуваат животот на Новак Ѓоковиќ и ги уценуваат руските тенисери

Најдобрите руски тенисери годинава ќе можат да играат на „Вимбелдон“, пренесоа британските медиуми. Организаторите на „Ол Ингланд клуб“ ја укинаа забраната и ќе им дозволат да играат на руските и белоруските тенисери кои минатата година не беа дел од турнирот.

Поводот за таквата одлука, која многмина ја нарекоа контроверзна, е тоа што АТП дури и ги казни Англичаните со одземање на рејтинг бодовите за третиот гренд слем годинава.

Сега на Англичаните им се заканува и одземање на лиценцата за турнирите во Квинс и Истборн, пренесе „Дејли Мејл“, што значи дека уцените биле построги од лани за да ја повлечат забраната, пренесоа британските медиуми.

Новак Ѓоковиќ, кој со Ник Кирјиос ја брани титулата од ланското финале, годинава најверојатно ќе може да се бори за бодови поради ваквата одлука на „Ол Ингланд клубот“, бидејќи лани не ги ни доби.

Данил Медведев, Андреј Рубљов, Карен Хачанов и останатите беа протерани поради агресијата на Русија врз Украина во 2022 година. Тој конфликт прерасна во војна која трае и по година дена, а на организаторите на „Вимбелдон“ им е направен притисок за годинава строго ги спроведат правилата на неутралност.

epa10425986 Karen Khachanov of Russia reacts after a point against Sebastian Korda of the USA during their quarterfinal match at the Australian Open tennis tournament in Melbourne, Australia, 24 January 2023. EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Тоа не значи дека нема да протеруваат Руси и Белоруси, ако тие јавно го поддржат Владимир Путин или инвазијата на Украина. Освен тоа, Медведев, Арин Сабаленко и другите ќе можат да се натпреваруваат под неутрални знамиња, но Англичаните со тоа што не се држат до ставот од минатата година му ја отежнуваат одбраната на титулата на Ѓоковиќ.

Точно е дека Медведев не е во форма, но со Рубљов се врвни тенисери кои порано или подоцна можат да ја пробијат бариерата, нешто што го направи и Кирјос минатата година.

Aryna Sabalenka of Belarus celebrates after defeating Belinda Bencic of Switzerland in their fourth round match at the Australian Open tennis championship in Melbourne, Australia, Monday, Jan. 23, 2023. (AP Photo/Aaron Favila)

Условот за учество нема да биде руските и белоруските играчи јавно да се спротивстават на инвазијата врз Украина. Со самото тоа тие ќе бидат втиснати во триаголникот меѓу тенисерите, АТП и англиските организатори.

Јавната критика за агресијата минатата година беше предлог на Најџел Хадлстон, тогашниот министер за спорт во Велика Британија. Сега се подготвува поинакво сценарио, а учесниците ќе треба да потпишат посебен правилник во кој ќе бидат опфатени и работи поврзани со чувствителното прашање во Украина.

Она што е бесмислено е фактот дека тие можат да се најдат во проблем ако зборуваат позитивно за својата земја, нема да можат да ги истакнат нејзините симболи, па дефинитивно донекаде ќе бидат уценети.

Причина за оваа уцена секако е тоа што организаторите би можеле да загубат 20 милиони фунти поради загубата на турнирите во Истбурн и Квинс, а британските медиуми пишуваат дека предлогот на Вимблдон бил поздравен и во локалниот парламент.

Scroll to Top