Анита Величковска од Куманово освои прво место на меѓународен велосипедски маратон

Анита Величковска од Куманово освои прво место во женска категорија на меѓународен велосипедски маратон, кој се одржа викендов во Србија. На патеката „Јела“ долга 33,5 километри, Величковска освои првото место со време од 2 часа и 11 минути.

По  деветти пат во Србија се одржа велосипедски маратон „Три стране Копаоника“. На маратонот стартуваа над 400 велосипедисти. Станува збор за познат спортски настан, со долга традиција, каде се собираат љубителите на планински велосипедизмот и планинско трчањето.

 

 

Scroll to Top