Археолози тврдат дека успеале да дешифрираат писмо старо 4000 години. Станува збор за мистериозното древно линеарно еламитско писмо кое се користело во периодот меѓу 2300 и 1800 ера пред новата ера во јужен Иран.
Иако некои од експертите тврдат дека конечно успеале да го дешифрираат, сепак меѓу нив има и скептици, пренесе Index. Велат дека можно е артефактите користени за дешифрирање на натписи не се набавени на законски начин.
Од нив се сочувани само околу 40 познати примероци од линеарното еламитско писмо. Тоа ја отежнува работата за целосно декодирање на писмото. Сепак, експертите во новото истражување, тврдат дека успеале да го дешифрираат.
Други научници претходно успеале да дешифрираат некои од линеарните еламски натписи, а авторите на новото истражување се надворзале на тие претходни трудови со споредување на системот на пишување во осум линеарни еламитски натписи со текстови напишани со клинесто писмо.
Клинестото писмо е веќе дешифрирано. Бидејќи датира од приближно истиот временски период, веројатно ги содржи имињата на истите владетели и нивните титули и користи некои од истите термини за да ги опише.
„Експертите велат дека со оваа постапка успеале да откријат голем број други значајни симболи од еламитската афлабета, но дека околу 3,7% од еламитските знаци и понатаму се непознати. Ова писмо има повеќе од 300 симбли кои претставуваат различни звуци. На пример има знак во облик на полумесечнија кој звучи како „па“, пренесе
Тимот го преведе краткиот текст кој вели: Пузур-Сушинак, крал на Аван. Го сака божеството „Инсушинак”. Додава дека секој што ќе се побуни против Пузур-Сушинак треба да биде уништен.
Научниците во истражувањето наведуваат дека во иднина ќе бидат објавени повеќе преводи на комплетните текстови. Археологот Франсоа Десет од Универзитетот во Техеран и Францускиот национален центар за научни истражувања (CNRS) одбиле да ги коментираат резултатите.
Live Science се обрати на неколку други експерти кои не биле поврзани со истражувањето, за нивно мислење. Повеќето одбиле да дадат коментар или не одговориле на време до објавувањето на текстот.
Тие натписи се сомнителни, можеби се фалсификувани, сметаат некои од археолозите. Еден од нив е Џејкоб Дал, од Универзитетот во Оксфорд, кој изнел свое мислење и рече дека е скептичен за наодите.
Тој го проучува прото-еламитското писмо и не се согласува со изјавата на археологот во студијата дека пра-еламитот и линеарниот еламит се тесно поврзани. Загрижен е и што тимот во анализата користел натписи од археолошкото наоѓалиште Конар Сандал, кај Јирофт, град во Иран. Овие натписи се од бронзената доба.
„Овие натписи имаат сомнителни карактеристики, можеби се фалсификувани. Иако артефактите од Конар Сандал не спаѓаат во групата од осум нови натписи кои биле клучни за дешифрирање, под знак прашалник е дали воопшто биле користени“, рече Дал.
Експертите не се сигурни ни од каде потекнуваат осумте линеарни еламитски натписи. Седум се во колекцијата на Хушанг Махбубијан, додека осмата е во колекцијата на Мартин Шојен, норвешки бизнисмен и колекционер.
Норвешката полиција на 24. август 2021 година го заплени натписот кој беше во сопственост на Шојен. Му заплени уште стотина други артефакти од неговата колекција.
Во извештајот кој во март го објавија од Музејот на историска култура во Осло, е наведено дека Шојен не ја доставил документацијата за легални набавки од Иран и дека доказите укажуваат на грабеж, шверц и легална трговија.
Во јули, од Schoien Collection го критикуваа овој извештај и објаснија дека обвинувањата се неосновани.
„Се занимавам со адвокатура повеќе од 40 години и прочитав голем број извештаи. Никогаш немам видено толку лошо основа“, рече адвокатот Кејто Шиот, кој го застапува Шојен.
Десет во 2018 година напиша дека Махбубијан му рекол дека дека артефактите се извезени во Европа пред 1970 година. Иранското истражување спровело металуршка и хемиска анализа на артефактите од колекцијата на Махбубијан и не нашол докази за фалсификат.
Истражувањето под името The Decipherment of Linear Elamite Writing, е објавено во списанието Zeitschrift fur Assiriologie und Vorderasiatische Archaologie.