Аца Лукас нема да пее во Крива Паланка, оти општината нема пари да го плати

Иако беше најавено српскиот пејач Аца Лукас сепак нема да одржи концерт во Крива Паланка во рамките на фестивалот „Џои фест“.

Причината поради откажување на настапот е што општината која го организира фестивалот нема средства да го исплати пејачот, бидејќи се стопирани од страна на Министертсвото за култура како поддржувач на фестивалот.

Од таму информираат дека во апликацијата до Министерството  биле наведени други изведувачи, но не и српскиот изведувач.

„Организаторите на фестивалот годинава добија 153.000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо-фолк пејач во програмата, тие нема да ги добијат овие средства“, велат од Министерството за култура.

„Џој фест“ е во рамките на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″ која ја организираат Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Општина Крива Паланка, Министерство за култура на Република Северна Македонија, како и останати поддржувачи.

 

Scroll to Top