Ацо Пејовиќ со “Македонско девојче“ го крена Скопје, пак сруши рекорд со публика и направи концерт за паметење

Предновогодишна журка и приреди српскиот пејач Ацо Пејовиќ вчеравечер на македонската публика. Салата „Борис Трајковски“ претесна за публиката која дојде да ужива во големите хитови на Пејовиќ. Преполни трибни и просторот пред бината.

Македонската пејачка Ивона Јо и нејзиниот бенд  ја загреаа скопската публика со популарни македонски и балкански хитови, а на сцената во салата нешто по 22 часот се појави Пејовиќ.

Публиката  уште на самиот почеток во еден глас ги пееше постарите хитови на Ацо. Песните – преработки од Тома Здравковиќ, скопската публика ги пееше погласно и од него.

Најемотивен момент на концертот беше на песната „Лилјана“ кога публиката пееше акапела, а  Пејовиќ го држеше микрофонот. Присутните на трибините и пред сцената со мобилни телефони светеа и го снимаа овој момент за спомен.

Кулминација на концертот беше кога пејачот ја отпеа „Македонско девојче“, со која  и се заблагодари на македонската публика за одличниот концерт во Скопје, по концертот за кој долго се раскажуваше одржан во април оваа година.

Концертот го организираше „Балкан медија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ACO PEJOVIC (@aco_pejovic)

Scroll to Top