Австралиските пожарникари се разголеа за календарот за 2023 година

Австралиските пожарникари го промовираат календарот за 2023 година, на кој повторно се разголени до појас. Парите од продажбата ќе одат во хуманитарни цели.

Оваа година пошуларниот календар е во шест варијанти и тоа класична со секси пози, само во фармерки, со животни. Цената на еден календар е 14,77 евра, а за купени три календари следува попуст од 10 проценти. Календарите се доставуваат низ целиот свет.

Австралиските пожарникари првиот разголен календар го издадоа во 1993 година. Во него се вклучени пожарникари од целиот континент, а фотографиите секогаш се прават на различни локации. Од пред неколку години собраните средства наместо за противпожарната служба на Австралија се донираат на хуманитарни организации, особено на оние што се грижат за болни деца или за заштита на животни.

Scroll to Top