Австрија нема излез на море, но ги има најчистите води за капење во Европа

Во новиот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) е оценет квалитетот на водите за капење и тој покажува дека речиси 85% од локациите за капење во Европа се подобрени во последната деценија. Според него, најквалитетни води за капење има Австрија, земја која нема излез на море. Таму  97,7% од водите се оценети како одлични.

Годишниот извештај анализираше речиси 22.000 континентални и крајбрежни локации за капење во ЕУ, Албанија и Швајцарија. Зад Австрија се пласираа четири медитерански дестинации, Малта (96,6%), Грција (95,8%), Хрватска (95,7%) и Кипар (93,3%), а Данска (91,9%) и Германија (90,4%) се преостанатите две земји во кои што девет од 10 локации добија највисока оценка. Во првите десет уште се Бугарија (89,9%), Литванија (89,2%) и Португалија (88,5%).

Локалните и националните власти анализираа примероци вода земени за време на сезоната на капење, со цел да се откријат бактерии кои укажуваат на загадување од канализација или одгледување добиток. Во Франција, дури 99 локации ја добиле најниската оценка, што значи дека би требале да бидат затворени за капење низ целата сезона.

Scroll to Top