Автобиографијата на принцот Хари објавена на македонски јазик

Автобиографијата на принцот Хари преведена е и на македонски јазик. „Резерва“ е во издание на „Арс Либрис“ која е дел од „Арс Ламина – публикации“.

Автобиографијата на Хари според Гинисова книга на рекорди е најпродаваната книга на сите времиња, а како книга бестселер на „Њујорк тајмс“ доби позитивни оценки од критичарите.

Книгата досега е преведена на 15 јазици.

Принцот Хари во книгата пишува за неговиот приватен живот, детството, како влијаела смртта на неговата мајка Дајана, тинејџерските години, служењето војска во Авганиста, како и за односите со кралското семејство.

Scroll to Top