Авторот на популарниот манга стрип пронајден мртов

Казуки Такахаши, авторот на популарната манга серија „Јуџо“, е пронајден мртов. Јапонскиот манга уметник на стрипови, најпознат по Ју-Ги-Ох, имаше 60 години, а неговото безживотно тело било пронајдено на брегот на градот Наго, Окинава, заедно со опрема за нуркање.

Крајбрежната стража ги истражува причините за смртта. Такахаши патувал сам за Окинава, а компанијата за изнајмување автомобили контактирала со полицијата, велејќи дека не можат да стапат во контакт со него, што ја навело крајбрежната стража да се посомнева дека пронајденото тело е негово. Властите соопштија дека тој имал повреди на стомакот и долниот дел од телото, кои се чини дека биле предизвикани од каснувања од ајкула или други морски суштества.

Делата на Такахаши се многу популарни во Јапонија и во странство, а неговите манга се претворени во телевизиски серии, филмови и игри со карти.

Својата цртачка кариера ја започна во 1982 година со стрипот Токио но Така. Неколку години подоцна, во 1990 година, тој ја објави мангата Тененшоку Данџи Бурај. Во 1996 година почнал да работи на својата најпозната комична и анимирана серија „Јуџо“. Оваа серија во 2011 година влезе во Гинисовата книга на рекорди. Исто така е и прогласена за најпродавана игра со карти во светот, со повеќе од 25,17 милијарди.

Scroll to Top