Баба ќе се мажи за 47 години помлад дечко, откако почнале врска преку сајт за запознавање

Кети Џенкинс (74)  и Девон Обри (27) се свршиле откако се сретнале на апликација за запознавање. Тие велат дека нивната врска е многу повеќе од секс. Парот со 47 години разлика е решен да му покаже на светот колку е моќна нивната љубов. Кети Џенкинс (74) го запознала 27-годишниот Девон Обри од Тексас, САД, на сајт за запознавање.

Врската набрзо се претвори во многу повеќе од секс за парот бидејќи сега ја планираат својата венчавка.

„Се запознавме преку интернет и ниту еден од нас не бараше сериозна врска. Наидов на нејзина слика, тоа беше слика од нејзините гради. Го прочитав нејзиниот профил и ѝ испратив порака со надеж дека ќе добијам одговор, таа исто така беше онлајн и таа одговори“, раскажал Девон.

Двојката разговарала на телефон четири месеци пред да се сретне бидејќи Кети живеела два часа подалеку од Девон.

Кога организирале состанок, таа му кажала на Девон дека веќе го чека во кревет. 

„Се сретнавме во хотелска соба неколку недели по тоа и продолживме да се среќаваме секоја недела“ – додал тој.

Тие официјално станаа пар откако Кети го поканила на Денот на благодарноста. Таа никогаш не се омажила, но има четири деца, 13 внуци, 36 правнуци од долги врски.

Девон нема деца, но се оженил еднаш на 24-годишна возраст и се развел во 2021 година, непосредно пред да ја запознае Кети. Тој смета дека Кети е совршена за него бидејќи тие никогаш не се караат.

Scroll to Top