Баба на 105 години трча и освојува титули

Рамбаи има 105 години, тркачката кариера ја започна дури во 2021 година и нема намера да се откаже, а веќе има освоено голем број златни медали на локалните натпреварувања.

Таа почнала да трча во северната индиска држава Харајана во нејзината возрасна категорија и често е единствената натпреварувачка, но тоа не и пречи.

Учеството е поважно од освојувањето медал, објаснува Рамбаи и ги игнорира повиците на нејзиното семејство да престане да трча.

Таа тврди дека тоа нема да се случи наскоро бидејќи неодамна открила дека има категории за трчање за повозрасни групи. Таа учествуваше на трката на 100 метри во Вадодара во државата Гуџарат и ја помина за 45,40 секунди. Таа го освои златниот медал на 19 јуни во трката на 200 метри за 52,17 секунди.


Scroll to Top