Баба Винка од Ниш на 80 години вози како Шумахер, затоа што во младоста немала можност да вози автомобил

Баба Винка од околината на Ниш има 80 години, но тоа не ја спречува да ужива во брзото возење. Сака да се забавува со внукот Јован и да се вози во неговите интересни возила.

Јован Митровиќ е љубител на автомобили, на српската јавнсот и станал познат по своето црвен „фиќо“ кој минатиот месец го возеше на Копаоник и на снег ги покажа завидните можности на овој легендарен автомобил.

Тој на својот Инстаграм профил објави слика од неговата баба Винка со која возат кабриолет. Интересно е што баба Винка е возач аматер, но тоа очигледно не е проблем, што многу го ценат следбениците на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovan Mitrovic (@jocatf)

Винка вели дека во младоста немала можност да вози автомобил бидејќи тие секогаш живееле на село и другите членови на семејството ги работеле тие работи.

Во едено од видеата баба Винка се пошегувала и рекла дека порано само ја пуштале да вози волови на пасиште. Внукот Јован, и објаснил како да вози автомобилот.

Оние кои веќе ја познаваат баба Винка од видеата на Јовано која живее во подножјето на Сува планина, знаат дека баба Винка има и други модели кои ги обожава покрај кабриолетот. Пред четири месеци таа се возела со познатото „фиќо“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BabaTF (@baba_tf43)

Внукот Јован не се откажува од идејата дека неговата баба ќе продолжи да вози други коли и најавува нови авантури со баба му Винка.

„Баба Винка има многу обожаватели, луѓето постојано прашуваат кога повторно ќе вози нешто ново. Сакам да го снимам и сакам да им покажам на луѓето како дури и нашите баби на 80 години можат да направат сè, како се одлучни и храбри, а во исто време желни за добра забава и смеа во овие сиви времиња. Со баба се забавуваме со снимање и сликање, тоа малку и го менува секојдневието, бидејќи се грижи за домаќинството и прави многу во текот на денот. Многу ја сакам и вака се трудам да го поминувам времето на забавен начин“, изјавил Јован.

Scroll to Top