Еден од градовите што минатата година беше вклучен во листата на светско наследство на УНЕСКО, меѓу „Големите градови со бањи во Европа“, е Баден-Баден. Градот, во кој живеат околу 56.000 луѓе, е трет по големина во регионот Баден-Виртемберг.
Причината поради која германскиот град во подножјето на Шварцвалд е наречен „Главен град на розите“ е поврзан со меѓународниот натпревар на кој Баден-Баден е домаќин. Покрај учесниците кои се натпреваруваат во знаењата за овој цвет, тогаш се избира најубавата роза.
Уште еден од скриените скапоцени камења во Европа, Баден-Баден на своите посетители им нуди по малку од се – бањи, култура, историја и гастрономија, сето тоа зачинето со богат ноќен живот.
Градот бил основан од римските освојувачи пред околу 2.000 години. Поради природната средина, тие ги изградиле првите бањи на изворите за лековити води во областа.
Прво градот се викал Aquae, токму поради лековитата вода, бидејќи тој латински термин се преведува како извор или бања. Името Баден датира од средниот век.
Меѓутоа, своето денешно име го добил во текот на 16 век, така што може да се разликува од истоимените градови во близина на денешната австриска престолнина и во Швајцарија. Официјално, името Баден-Баден е стекнато во 1931 година.
Податокот дека дури 61,8% од неговата вкупна површина е окупирана од шуми јасно покажува за каков град се работи. И не само што е познат по своите феноменални бањски комплекси, туку и по прекрасно уредените паркови и изобилството зеленило.
Во овој град се наоѓа најголемата оперска и концертна сала во земјата. Божиќниот пазар чиј домаќин е Баден-Баден важи за еден од најубавите во целата земја.
Иако е многу инспиративен во текот на целата година, Баден-Баден е особено привлечен во зима. Не само поради веќе споменатиот божиќен пазар, туку и поради близината на Шварцвалд, која нуди уживање во погледот на градот, како и скијање и санкање.
Ако го исклучиме уживањето во една од термалните бањи по кои Баден-Баден е познат не само во Германија, туку и пошироко, на туристите при посетата им се нудат многу други можности.
Во тој град се наоѓа најубавата пешачка патека во земјава и се состои од четири дела. Севкупно е долга нешто повеќе од 45 километри и се протега на надморска височина помеѓу 220 и 450 метри надморска височина.
Во исто така познатиот парк на овој град се наоѓа музејот на Фридер Бурд, познатиот колекционер роден во Баден-Баден. Колекцијата вклучува и некои од вистинските ремек-дела од минатиот век. Интересен податок е наведен на официјалната веб-страница на овој музеј дека „направени се големи напори да се зачуваат што повеќе дрвја на локацијата, за музејот Фридер Бурд хармонично да се вклопи во природата што го опкружува“.
Стариот замок изграден во првите години на 12 век, Новата градина на розите, зградата Курхаус изградена во стилот на Бел епок и познатиот парк Лихтенталер се некои од знаменитостите кои дефинитивно треба подобро да ги запознаете при посетата на Баден-Баден. .