Бајага и Инструктори ќе имаат концерт во Скопје

Рок бендот Бајага и Инструктори викендов ќе одржат концерт во Скопје. Групата која се смета за една од најуспешните и највлијателните на сцената на балканската музика ќе ги изведе своите најголеми хитови пред фановите во Скопје.

Бајага и Инструктори во сабота (8-ми април) ќе гостуваат во ноќниот клуб „Пур“, со почеток од 21 часот. Пред скопската публика Бајага ќе ги изведе безвременските хитови како „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Плави сафир“, „Тишина“, „Моји другови“ и уште многу други евергрини кои се добро познати на сите генерации.

За пристојниот млад дечко на непристојното време Момчило – Бајага и Инструктори, оваа година е особено турбулентна, бидејќи групата направи промени во своите редови и се подготвува за новиот албум со кој во следната 2024 ќе ја одбележат својата 40-годишнина. Од своето формирање во Белград во 1984 година, Бајага и Инструктори успеаа да постигнат голем успех како на домашната, така и на меѓународната сцена, со своите мелодични рок хитови.

Билетите за овој настан се продаваат по цена од 600 денари.

Scroll to Top