Бања Лука е првиот град во регионот кој воведува полиција за кучиња

Бања Лука е првиот град во регионот кој воведува Полиција за кучиња. Целта на оваа новина е безбедноста на граѓаните, почитување на обврските на сопствениците на кучиња, но и контрола на условите во кои живеат животните по посвојувањето.

Како што информираат од општината Бања Лука, ова е уште еден од плановите кои се реализирани заедно со здруженијата за заштита на животните.

„Го уредивме прифатилиштето, ја организиравме кампањата „Посвои љубов“, поставивме хранење за кучиња, а работиме на уште многу проекти кои наскоро ќе ви ги претставиме. Направивме многу кога станува збор за заштита на животните и грижа за домашни миленици и ќе продолжиме да го правиме тоа“, информираат од канцеларијата на градоначалникот на Бања Лука.
Scroll to Top