Банкомат по грешка му дал на бармен милион и пол долари

Дваесет и деветгодишниот бармен од Австралија, Ден Сондерс, во 2011 година се збогатил за 1,5 милион долари, поради банкарски пропуст и грешка на банкомат. Сондерс бил излезен со пријателите во својот роден град Вангарати, во близина на градот Мелбурн.

Таа вечер отишол до банкомат за да подигне пари, па открил дека можел да земе повеќе отколку што имал. Парите почнал да ги троши на забави, изнајмувал приватни авиони и им ја плаќал школарината на пријателите, сè додека полицијата не го открила.

За VICE објасни дека банкоматот почнал да му исфрла пари, а состојбата на сметка му останала иста.

„Бев излезен таа вечер и се обидов од кредитната картичка да префрлам пари и да ја проверам состојбата на сметката. На банкоматот ми пишуваше дека билансот е недостапен во овој момент, но јас повторно систанав за да направам трансфер, па ми се поајви дека трансакцијата е откажана и ми ја врати картичката. Прво ми стана чудно, па потоа се одлучив да извадам 200 долари од штедната сметка, само за да видам што ќе се случи. Банкоматот ми исфрли пари, па се вратив во барот и ги испив. Кога се враќав накај дома поминав покрај истиот банкомат. Размислував за тоа колку работата изгледаше чудно, па повторно ја ставив картичката и така почнав да си играм. Префрлив уште 200 доалри и повторно извадив пари. Потоа префрлив 500 долари, па 600, само за да видам што ќе се случи. Банкоматот ми даваше пари, и изгледаше како магичен трик“, рече Ден.

Кога следното утро се разбудил, прво што помислил дека е сон. Ја побарал банката за да добие извештај за неговата состојба на сметка. Тогаш сватил дека постои разлика меѓу она што банкоматот му го дал како состојба и она што му го кажале од банката. Сè што подигнал на штедната сметка не било регистрирано. Сватил дека може да вади пари од банкоматот во исто време кога прави траснфер од кредитната и штедната сметка и во периодот меѓу 1 и 3 часот утрото, кога банкоматот е надвор од мрежата.

Така можел да извади бесконечно многу пари, префрлајќи го кешот од своите две сметки. Трансакцијата ќе се регистрирала во банка дури следниот ден, но тој секогаш можел да подигне уште пари по полноќ. Ден овој пропуст на банката го нарекол како зависност.

„Се чувствував како пештерски човек кој го открил огнот“, рече Ден.

Почнал да вади по стотина долари во една ноќ, а неговиот вистински банковен биланс станал сè подлабок и одел во минус. Користејќи го овој систем на измама потрошил вкупно 1,6 милиони долари.

Но, вината за тоа што го правел на крајот го стигнала. Бил опседнат со анксиозност заради тоа што го направил. На крајот му се доверил на својот терапевт, кој му рекол да се предаде. Често сонувал дека е фатен и имал кошмари. Три години по измамата, бил уапсен и обвинет за 111 точки за измама и кражба.

Во мај 2016 година излегол од затвор откако таму поминал една година. И се вратил на старата работа во барот за 12,50 долари на час.

Scroll to Top