Бејзбол-топче што украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпишал во 2019 година е ставено на аукција. Парите ќе се донираат за обнова на Украина која е разурната од војна со Русија.
„Топчето е во сопственост на Ренди Каплан, познат колекционер на топчиња потпишани од светските лидери. Дел од приходите ќе бидат наменети за воени цели и за помош на Украина“, соопшти аукционерската куќа „Ар Ар окшн“.
Аукцијата е во тек и иако се очекуваше топчето да се продаде за 15.000 долари, таа сума е веќе надмина.