Белгискиот премиер разменувал пораки со порноактерка и ѝ нудел 4.000 евра за сексуални услуги

Премиерот на Белгија, Александар де Кро, разменувал пораки со италијанската порноактерка Евелин Делај, пренесоа италијанските медиуми. Тоа го откри Делај за време на гостувањето во емисијата Non e I’Arena.

Делај откри дека Кро ѝ понудил и 4.000 евра за два часа сексуални услуги. Таа ги покажа пораките што си ги разменувале преку апликацијата „Вацап“. Тие се допишувале во 2019 година додека Кро бил вицепремиер и министер за развојна соработка.

 

„Ме замоли да се видиме на 24 ноември 2019 година, но бев принудена да го одбијам. До неодамна не ни знаев кој е сè додека еден филмски продуцент од Белгија не ми посочи дека е премиер“, рече Делај и призна дека Кро не ѝ се јавил откога станал премиер во 2020 година.

Таа додаде и дека ѝ е жал што не успеале да се сретнат. За потсетување, белгискиот премиер Александар де Кро (46) е оженет и има две деца.

Scroll to Top