Белграѓанец со само 100 динари успеал да освои 30 милиони во обложувалница. Изминатиот викенд уплатил тикет со 16 натпревари и ги погодил сите. Заработил 29.612.042.33 динари.
Рече дека од старт имал тешка задача да остане во игра, затоа што првите два натпревари требало да завршат нерешено. Но ги фатил. Прво во Словенија, каде Браво и Мура одиграа 0:0, а потоа натпреварот од Серија Б, каде Палермо во второто полувреме израмни 1:1 на Сидтирола.
Потоа следеле натпревари во Бундеслигата. Пследните два натпревари му биле од 21 часот. Монпеље во Франција го пречека Ланс, натпревар кој требало да заврши со голови за двата тима и нерешено или победа за гостинскиот тим. Во вториот натпревар во Шпанија, Мирандес и Леганјес требало да одиграат нерешено.