Бесплатно пиво на плоштад за земјата што ќе победи на Светско

By

Од компанијата „Бадвајзер“ ветија дека ќе даваат бесплатно пиво на плоштад во главниот град на земјата што ќе победи на Светското првенство во Катар. Поради забраната за продажба на алкохол во земјата, еден од главните спонзори на Мундијалот се најде во големи проблеми.

dobivaj vesti na viber

Овој бренд на почетокот плати 75.000.000 долари за концесија за продажба на алкохолни и безалкохолни пива. За разлика од претходните првенства, кога тоа им се исплатеше, затоа што добивката по Мундијалот била повеќекратна, оваа година тоа нема да биде случај.

„Бадвајзер“, додека трае Мундијалот, ќе може да продава само безалкохолно пиво. Медиумите пренесоа дека компанијата би можела и да ја тужи ФИФА и да врати дел од загубеното, но тоа е малку веројатно. Сега компанијата најде начин како да ги покрие трошоците.

Огромните количини пиво кое ќе остане во магацините ќе им го подараат на земјата што ќе го освои Мундијалот во Катар и тоа за без пари.

 

Ќе ви се допадне