Бијонсе постигна рекорд во Греми наградите има девет номинации

Бијонсе има најмногу номинации на американските Греми награди. Таа е номинирана во девет категории. Пејачката е пред раперот Кендрик Ламар, британската поп дива Адел и фолк-рок пејачката Бренди Карлајл.

Бијонсе е омилена со албумот „Ренесанса“. Таа доби девет номинации во главните категории на албум, песна и снимка на годината, надминувајќи го калифорнискиот рапер Ламар кој доби осум номинации. Следни се Адел и Бренди Карлајл, со по седум номинации.

Домаќин на церемонијата повторно ќе биде комичарот Тревор Ноа, а меѓу презентерите ќе биде и првата дама на САД, Џил Бајден.

Меѓу номинираните во категоријата Откритие на годината се Лато, Муни Лонг и Омар Аполо, тројца американски уметници кои се идентификувани од апликацијата Тик ток како најдобри млади уметници на нејзината платформа. На таа листа се најде и италијанската поп-рок група Манескин.

Наградите Греми, основани во 1959 година, се годишно признание за исклучителен придонес во музиката и снимањето од страна на Американската академија за уметности и науки за снимање (НАРАС).

 

Scroll to Top