Бивша порноѕвезда бара порнографијата да се забрани, не е добра за никого

Поранешната порноѕвезда Лана Роудс, смета дека порнографијата треба да се смета за нелегална и да се забрани со закон. Во подкастот The Skinny Confidential објасни дека оваа индустрија не му носи добро на никого.

„Мислам дека не е добра за никого“, рече Лана која отворено зборуваше за индустријата која ја напуштила пред осум месеци, по 19 години кариера.  Откако станала мајка во јануари годинава, откри како на неа гледала пред и по снимањето.

„Зборувам од искуство и можам да кажам дека кога влегов во оваа индустрија не знаев во што се влуштам. Во тоа време спиев само со една личност. Бев неискусна и никогаш не разбрав дека ако сакате да снимате домашни видеа , всушност треба да имате секс со повеќе луѓе“, рече Лана.

Призна ѝ дека не била доволно зрела за снимање и дека брзо сфатила дека тоа не е за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Rhoades (@lanarhoades)

„Имав идеја да бидам како Ана Никол Смит или Холи Медисон. Но, не бев доволно зрела“, рече Лана и дополни дека во оваа работа не може да избира со кого да спие.

„Во основа мораш да имаш секс со луѓе со кои не сакаш и можеби не ти се привлечни. Одвратни ти се, но сепак мораш да имаш секс со нив бидејќи тоа ти е работа“, објасни таа и додаде дека индустријата ги става младите жени во ранлива позиција.

„Како може една 19-годишна девојка да се стави во позиција да мора да има секс со луѓе кои не сака да ѝ го допираат телото“, рече Лана која по снимањето на порнографија се фокусирала на правење долна облека. Но, за порно индустријата нејзиниот став вели дека останува цврст.

Scroll to Top